Игор Деспотовиќ, кој пред два дена бил уапсен во полициска акција поради сомнеж за терористичко здружување заедно со убиениот напаѓач Милош Жујовиќ, по нападот на припадник на жандармеријата со самострел пред Амбасадата на Израел во Белград, не е првпат апсен поради планирање на терористички напад.
Српската полиција ги утврдува сите околности на терористичкото здружување меѓу Милош Жујовиќ, кој завчера со самострел рани полицаец пред амбасадата на Израел, и Игор Деспотовиќ кој беше уапсен во полициска акција, по ликвидацијата на Жујовиќ.
Имено, како што пишува „Blic“, прво бил уапсен Игор Деспотовиќ како соработник на Жујовиќ, кој нападнатиот полицаец го ликвидира по нападот, завчера околу 11 часот пред Амбасадата на Израел во Белград.
Како што дознава „Blic“, Жујовиќ, кој станал вахабист и го променил името во Салахудин, и Деспотовиќ, кој веќе бил осудуван за дела поврзани со тероризам, имале константна и долга комуникација од која е јасно видливо дека го испланирале секој чекор од терористичкиот напад пред амбасадата на Израел во Белград.
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ веќе соопшти дека покрај Деспотовиќ, уапсен е и Камал Беговиќ, откако на повеќе локации ширум Србија беше извршен претрес.
Постојат луѓе кои припаѓаат на вахабистичкото движење. Кога ќе погледнете што има во становите на тие луѓе, ќе видите дека тие припадници се екстремисти. Треба да се пронајде соодветна врска меѓу активностите на вахабистите и конкретниот настан“, рекол Ивица Дачиќ за „RTS“.
Како што пишувал „Blic“, Игор Деспотовиќ е осуден на 23-ти април бидејќи делел совети за труење на немуслиманско население со гас „Сарин“ – при што континуирано и јавно, преку видеоснимки, фотографии и текстови, изнесувал и пренесувал идеи кои непосредно поттикнувале на вршење на тероризам.
Во обвинението во кое „Blic“ има увид се наведува дека Деспотовиќ, од почетокот на март 2020-та година до 5-ти февруари 2022-та година на повеќе социјални мрежи администрирал и поставувал низа содржини, текстови, снимки и фотографии кои ја величат организацијата Исламска држава. Тој така на Инстаграм профилот „dar.ul.islam“ споделувал објави кои пропагираат радикална исламистичка идеологија, фотографии со обележја на ИСИС, фотографии на кои се величи оваа организација и нејзините припадници, како и повици на џихад и борба на патот на Алах, а идентични објави споделувал и на својот профил Телеграм под име Дарул Ислам, на кој споделувал публикации на Исламската држава.
фото: Блиц.рс