Најмалку 87 луѓе загинаа во вторникот во стампедо на верски настан во северната индиска држава Утар Прадеш, објави NDTV, додека властите досега потврдија 60 мртви.
Стампедото се случило во село во областа Хатрас, на околу 200 километри југоисточно од главниот град Њу Делхи.
„Во моментов не го знам точниот број на жртви, но тие се околу 60… Постои можност бројот да се зголеми“, изјави за Reuters портпаролот на окружната полиција Маниш Чикара.
Непотврдени видеа на социјалните мрежи покажуваат тела наредени на земја пред локална болница. Агенцијата Reuters не можеше веднаш да ги потврди видеата.
Лидерот на сојузната држава Утар Прадеш, Јоги Адитјанат, нареди истрага за инцидентот.
Дадени се инструкции до надлежните службеници да спроведат операции за помош и спасување и да им пружат соодветен третман на повредените“, напиша тој на платформата Х.
Полицаецот Раџеш Синг рече дека преголемата посетеност можеби била фактор. Првичните извештаи сугерираа дека над 15.000 луѓе се собрале на настанот, кој имал дозвола да биде организира настан за околу 5.000 луѓе.