![policija-5](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/policija-5.jpg?resize=696%2C428&ssl=1)
На 01.07.2024 во 19:00 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека во викенд куќа на место викано „Овче поле“ била пронајдена почината Б.С., на возраст од околу 60-тина години.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од ОВР Свети Николе.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.