Унгарскиот премиер и претседавал со Советот на Европската унија, Виктор Орбан, во вторникот во Киев го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да размисли за „прекин на огнот“ а овој ја истакна важноста на „праведен мир“ за Украина, илустрирајќи ги разликите во нивните ставови, но и меѓу Будимпешта и бирократијата во Брисел.
„Побарав од претседателот брзо да ја разгледа можноста за прекин на огнот“, кој ќе биде „временски ограничен и ќе овозможи забрзување на мировните разговори“, рече Орбан, чија земја е единствената членка на ЕУ која одржува брлиски односи со Русија а на го посети Киев од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.
Според Орбан, разговорот со Зеленски бил „искрен“. „Секако, содржината на тие разговори ќе ја пренесам до Советот на ЕУ за да се донесат неопходните европски одлуки“, рече тој.
Посетата на Орбан, отворен критичар на западната воена помош за Украина за која вели дека само преизвикува жртви и ја продолжува војната, дојде ден откако Унгарија го презеде ротирачкото претседателство со Советот на Европската унија.
Володимир Зеленски рече дека посетата на унгарскиот премиер ги илустрира „заедничките европски приоритети, колку е неопходно да се обезбеди праведен мир за Украина и цела Европа“. Исто така, повика да се одржи „доволното ниво“ на воена помош што Европа ја испраќа до Киев.
На почетокот на годината Орбан стави вето на 50 милијарди евра помош од ЕУ за Украина. Помошта на крајот беше одобрена, но со задоцнување, што украинските власти го критикуваа. Но, сега тој зборуваше за „подобрување“ на билатералните односи меѓу Будимпешта и Киев.
„Ќе се обидеме да ги оставиме зад нас дискусиите од минатото“, рече тој.
Како услов за мир, Украина бара руските сили да се повлечат од нејзината територија од 2014 година Русија, пак, во прв ред бара Киев да се откаже од своите амбиции за влез во НАТО што Москва го смета за директна закана по нејзината безбедност и суверенитет. Москва, исто така, бара да „се признае реалноста’ и Киев да се откаже од териториите во петте региони населени со доминантно руско и рускојазично население со референдуми кои Западот не ги признава се приклучија на Руската Федерација а се побунија и прогласија независност по насилниот преврат во Киев во март 2014 година кога беа забранети рускиот јазик, медиуми и култура.
Односите меѓу Будимпешта и Киев се влошија во текот на изминатите две години, бидејќи Унгарија – за разлика од повеќето други западни земји – одби да ѝ обезбеди оружје на Украина и постојано повикува на мирно решавање на конфликтот со Русија.
Унгарија, којашто е членка и на ЕУ и на НАТО, одби да испорача каква и да е воена опрема на соседна Украина во војната со Русија. Унгарија ја осуди руската инвазија, но исто така и повеќепати ги критикуваше санкциите на ЕУ против Русија, кои мора едногласно да ги одобрат сите 27 земји членки, но на крајот откако ќе издејствуваше одредени погодности за себе на крајот ги поддржуваше сите досега договорени мерки.
Инаку, односите меѓу Будимпешта и Киев се влошени повеќе години наназад, но вербалните препукувања добија на острина особено по ставовите на Унгарија по руската инвазија.
Унгарските функционери уште многу пред руската инвазија во Украина, поради нерешени прашања порачуваа дека ќе поставуваат услови на евратлантските амбиции на Киев. Односите меѓу Унгарија и Украина се влошени откако по превратот во 2014 година во Киев беа укинати правата, вклучително и за користење на јазикот како службен во западниот украински регион Закарпатие каде што живеат околу 150.000 етнички Унгарци. Киев особено ја разгневи Будимпешта кога во 2017 година го воведе законот со кој во училиштата се забранува користењето на јазиците на малцинствата, вклучително и унгарскиот. Во сегашната војна, исто така, Будимпешта протестира за насилно регутирање на нејзините сонародници во украинските сили и испраќање на најжештите точки на фронтот.