Средба на министерката Јаневска со австрискиот амбасадор Памер

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, оствари средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер на која беа потенцирани добрите пријателски и партнерски односи помеѓу двете земји, кои се рефлектираат и во областа на образованието и науката.

Соговорниците изразија задоволство што години наназад Македонија и Австрија спроведуваат билатерални научно истражувачки проекти, а се разменуваат и позитивни образовни искуства.

Изразија очекувања дека соработката насочена кон унапредување на образовните практики ќе продолжи и во иднина и дека уште повеќе ќе се интензивира.