Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес, се сретна со новоименуваниот директор на Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони (ТИРЗ), Гоце Димовски.
На средбата стана збор за владините приоритети, со фокус на активностите како што се економскиот раст, креирање нови работни места, поттикнување на трговијата и привлекување нови инвестиции.
Притоа, соговорниците се обврзаа на цврста и континуирана соработка во насока на остварување на приоритетите на владата.
Воедно на средбата, беше нагласена потребата од координиран пристап и континуирана соработка на полето на економијата и бизнисот, како и заложби за заеднички настап во однос на привлекувањето странски инвестиции.