
Судскиот совет испратил известување до Собранието дека судијката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, дека може да го изгуби статусот на Уставен судија, бидејќи веќе е пензионирана и со тоа се нарушува уставниот баланс Судскиот совет да предлага двајца судии во Уставниот суд, пишува Сведок.мк
Во моментов Уставниот суд е пополнет со сите девет судии, а по маратонски седници и неколку круга гласање, по три пропаднати обида меѓу Тања Бозаџиева, Ана Данева и Осман Кадриу, за претседател на овој суд дури во десеттиот круг беше избран Дарко Костадиновски.
„Дали Добрила Кацарска ќе биде разрешена треба одлучи Собранието, на кого му е посочена судска пракса од одлуки на Управниот суд, каде што судии, членови на Судскиот совет тужеа затоа што предвреме им беше прекинат мандатот од 6 години, само затоа што наполниле 64 години, се пензионирале и на тој начин го изгубиле статусот на активен судија. Оттука, ако важи за нив, принципот треба да важи и за Кацарска“, пишува порталот.
Управниот суд зазел став, што беше интенција и на законот, дека не може судија кој е веќе пензиониран да биде член на Судскиот совет, бидејќи тој потекнува односно се избира од редот на активните судии. Па, оттаму, штом нема мандат како судија, не може да врши ни функција на која бил избран како судија.
„Оваа дилема се отвори во Судскиот совет со пензионирањето на Гордана Спиреска, Киро Здравев и Зоран Теофиловски, а Кацарска тогаш од позиција на судија се „истакна“ со правно толкување дека тие треба да го довршат мандатот, независно што се пензионирани.
Тие кои беа пензионирани тужеа, но во сите четири случаи Управниот суд ги одби тужбите и прифати дека не може да продолжи функцијата, а ко се изгуби статусот на судија“, се додава во текстот.
Сега истото се случува и во однос на Добрила Кацарска, која е веќе пензионерка, па оттаму нарушен е балансот во Уставниот суд да има двајца активни судии, по предлог на Судскиот совет, биејќи сега има само еден – поранешната стечајна судијка Елизабета Дуковска, која за една година треба да замине во пензија.
Споре правната логика на Судот, Собранието се очекува да ја разреши Добрила Кацарска, а Судскиот совет на тоа место да постави нов судија.
Сведок.мк претходно денеска на официјалниот вибер канал за комуникација на Уставниот суд, на кој портпаролката информираше за донесени одлуки, прашал дали може да се добие став/коментар за ова прашање и дали Судот евентуално ќе расправа, добиевме одговор:
„Да може. На главна каса!“, одговорила портпаролката на судот Кристина Беловска, пишува Сведок.мк
Поради навредливиот однос кон новинарите, Сведок наведува дека нема да испрати прашања по електронска пошта или во друга форма на комуникација, туку само јавно ќе го постави прашањето: Дали оваа комуникација му доликува на Уставниот суд?!