Доларот на најниското ниво во три седмици, нафтата поевтини

На валутните пазари во раното претпладневно тргување во четвртокот вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути падна на најниско ниво во последните три седмици.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 105,05 поени, додека ден претходно во истиот период од тргувањето изнесуваше 105,66 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 161,50 на 161,40 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0795 долари, додека вчера во ова време беше 1,0750 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово ослабе за 0,54 отсто, на 86,85 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,62 отсто, на 83,35 долари