Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, наместа со сончеви периоди и потопло од вчера. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Можност за сосема слаб дожд ќе има во крајните источни делови од земјата. Утрово температурите беа главно околу 2 Целзиусови степени, а на повисоките места се спуштија и под нулата, до – 3 степени.
Дневните максимални температури денеска во северниот дел ќе бидат до 10 степени, а во јужниот дел од земјава ќе достигнат до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно и ветровито, а попладне ќе имаме и кратки сончеви периоди.
Дневните температури во целата земја ќе се движат од 3 до 13 Целзиусови степени.
Од утре ќе настапи период на смирување на временските прилики, со максимални дневни температури до 15 Целзиусови степени.