Екскомунициран архиепископoт Вигано, противник на папата Франциск

Италијанскиот надбискуп (архиепископ во православието) Карло Марија Вигано, жесток ултраконзервативен критичар на папата Франциск, е прогласен за виновен за шизма (раскол) и е екскомунициран, објави во петокот ватиканската Дикастерија за доктрина на верата.

Вигано, папскиот пратеник во Вашингтон од 2011 до 2016 година, се повлече од очите на јавноста во 2018 година, откако конзервативните медиуми ја објавија неговата изјава на 11 страници во која го обвинуваат папата Франциск дека знаел дека американскиот кардинал Теодор МекКарик, поранешниот надбискуп на Вашингтон, со години сексуално злоставувал семинари и свештеници и дека ништо не направил во врска со тоа.

Ватикан ги отфрли обвинувањата дека го прикрил случајот.

Вигано го повика папата да поднесе оставка, нарекувајќи го „лажен пророк“ и „слуга на Сотаната“. Минатиот месец Ватикан го повика Вигано да одговори на обвинувањата за раскол и негирање на легитимноста на папата.

Во кусото соопштение во петокот, Дикастеријата за доктрина на верата рече дека одбивањето на Вигано да го признае и да му се потчини на папата Франциско е јасно од неговите јавни изјави.

„На заклучувањето на кривичната постапка, преподобниот Карло Марија Вигано беше прогласен за виновен за кршење на законот за шизма“, се вели во соопштението и се додава дека Вигано бил екскомунициран од (Римокатоличката) црквата.

Вигано минатата сдмица изјави дека одбил да учествува во дисциплинскиот процес, бидејќи не го прифаќа легитимитетот на институцијата којашто зад неа.

„Не го признавам авторитетот на трибуналот што ме суди, ниту неговиот префект, ниту оној што го назначил“, рече надбискупот Вигано алудирајќи на шефот на Дикастеријата, кардиналот Виктор Мануел Фернандез и на папата Франциск.