![вода](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/4f6bc95b0a51687620af448ccd23d463_xl-244109.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека без вода утре ќе бидат корисници од неколку улици во Општина Гази Баба.
Поради отстранување појавен уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-150мм, на ул. 16-та Македонска Бригада бб (Парк Шума Гази Баба), од 8:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: 16-та Македонска Бригада, Јани Лукровски, Ташко Караџа, Трифун Хаџијанев и дел од потрошувачите од улица Бапчор.