Ле Пен против француското оружје со долг дострел за Украина

Крајно десната француска партија Национален собир (RN) нема да дозволи Украина да користи француско оружје со долг дострел во борбата против руската инвазија во случај таа партија да биде прашана за тоа и во владата а по вториот круг од парламентарните избори, рече Марин Ле Пен.

Во изјава за американскиот телевизија CNN, Ле Пен, веројатниот кандидат на RN на претседателските избори во 2027 година, рече дека водството на Националниот собир ќе се заложи француските трупи да не бидат стационирани во Украина под никакви околности. Таква можност најави пролетв францускиот претседател Емануел Макрон што наиде на жестоки критики и противења и до неговите најблиски сојузници во Европа.

Ле Пен ја потврди позицијата на Националниот собир откако претседателот Емануел Макрон одби претходно оваа година да ја исклучи можноста за испраќање француски војници во Украина, наводно за да помогнат во обуката на украинските воени сили таму. Според некои француски медиуми, во Украина веќе се испратени стотици војници како навони инструктори, меѓутоа од почетокот на војната се испраќаат професионални војници кои наводно се пензионираат во француската армија и одат како доброволци на украинскиот фронт.

Иако се согласува дека Украина треба да има способност да се брани од руска инвазија, челникот на RN, Жордан Бардела, јасно кажа дека партијата е против испорака на оружје, бидејќи тоа може да резултира со ескалација на војната. Тој посочи дека Франција не треба да ѝ испорачува на Украина проектили или друго оружје што може да стигне до цели руска територија, предупредувајќи особено дека од нив може да страда цивилното население.

Националниот собир сака да преземе клучна улога во француската влада по вториот круг од изборите во недела. Во партијата се надеваат дека доколку добие мнозинство во парламентот, ќе назначи премиер од своите редови.

Минатата седмица партијата оствари водство во првиот круг од гласањето, а последните анкети покажуваат дека партијата повторно ќе води во вториот круг, но нема да може да обезбеди апсолутно мнозинство во парламентот.