![450312452_457034357284635_5430170891739228365_n](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/450312452_457034357284635_5430170891739228365_n.jpg?resize=696%2C928&ssl=1)
Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски информира дека денес согласно задолжението добиено од Владата започна поставувањето на претходно отстранетата ограда на Владата.
-Таа беше репарирана изминатите денови, поради неадекватното чување и денес Службата за заеднички и општи работи ја поставува истата. Досега се користеше старата и дотраена железна ограда во сопственост на МВР која е нерепрезентативна и нефункционална, вели Томовски.
Тој посочува дека вратите на Владата остануваат отворени за граѓаните, а оградата наместо да скапува на складиште ја добива својата функција.