Прирачникот на СДСМ е потценување на граѓаните

Облечете соодветна облека и без нервоза. Не носете на себе очила за сонце или капа која може да ви го скрие лицето. Ако нема никој дома, обидете се од соседите да дознаете дали некој живее на таа адреса. Скандалозниот прирачник на СДСМ, кој веќе се дели на состаноци по општинските разграноци, а каде детаљно е посочено како 5.000 тима кои ги најави лидерот на СДСМ Зоран Заев треба да се однесуваат од врата на врата, што да прашуваат и на кој начин да ги убедуваат граѓаните да ги поддржат, е потценување на граѓаните, пишува Дневник.

СДСМ го допре дното со новиот прирачник за успешна и ефикасна кампања. Материјалите до кои дошол весникот Дневник веќе ги имаат добиено голем процент од разграноците и тимовите се тргнати од врата на врата.

-Kога ќе одите од врата на врата секогаш почнете од последниот кат и движете се надолу. Одете меѓу 10 и 21 часот за викенд и меѓу 18 и 21 часот во работен ден, а никогаш за време на ручек. Облечете соодветна облека и без нервоза. Не носете на себе очила за сонце или капа која може да ви го скрие лицето. Вашата лична приказна е секогаш најдобар начин да ги вклучите во разговор луѓето што ќе ви отворат врата. Супер е ако разговарате и надвор од сценариото. Ако нема никој дома, обидете се од соседите да дознаете дали некој живее на таа адреса.

Ова се само помал дел од инструкциите кои ги објави весникот Дневник, а доаѓаат од централата на СДСМ за имплементација на новата стратегија на дејствување на партијата преточени на хартија.

Доколку од СДСМ ве посетат на домашна адреса, главните прашања што ќе ви ги постават ќе се однесуваат на работата на локалната самоуправа и на извршната власт. Целата динамика е одредено да се движи по конкретни рокови, а на тимовите наредено им е да бидат „позитивни и ведри и никогаш да не влегуваат во расправија со граѓаните“. Според познавачите, ваквите директиви од централата на СДСМ до тимовите на терен се доказ за неискреноста на најголемата опозициска партија.

СДСМ го допира дното со скандалозниот прирачник

Kампањата на СДСМ под наслов „Работиме заедно“, иако се` уште не е видливо на терен, според она што пишува, е веќе почната од 1 октомври, а ќе трае практично до следните избори. Секоја фаза ќе трае 4 до 6 месеци, а штом истата заврши, според предвидената динамика, почнува нова.

Тимовите што ќе ги посетуваат семејствата, според инструкциите од СДСМ, мора да вежбаат што ќе кажат пред да тропнат на нечија врата и никогаш да не тропаат ако не се чувствуваат безбедни. Тропањето, пак, не смее да биде прегласно, ниту претивко.

– Kога ќе ви ја отворат вратата, секогаш направете чекор назад, така ќе покажете дека немате намера да влезете дома – е една од инструкциите од „Бихаќка“ наведена во прирачникот, а се однесува на говорот на телото на оние што ќе анкетираат.

Истовремено, во документот се наведени и совети во која насока треба да се движи разговорот. Една од наредбите од централата е тимовите никогаш да не почнуваат разговор со жалење за лошата политика на власта и да не влегуваат во расправа со оние што имаат поинаков став. Ако граѓаните се зафатени, пак, тимовите имаат наредба да се обраќаат со следната реченица и да прашаат:

„Здраво, гледаме дека сте зафатени, без грижа, ве разбираме, и јас имам мало дете. Повелете брошура, ве молам погледнете ја кога ќе можете. Дали ќе ви пречи да се вратиме за половина час, секако проаѓаме покрај вашата куќа“.

ДИРЕКТИВИ ЗА ТИМОВИТЕ

– Облекување во соодветна облека, без очила за сонце и без капа
– Граѓаните да не се посетуваат за време на ручек
– Во моментот кога ќе ви ја отворат вратата, секогаш направите чекор назад. Така ќе покаже-те дека немате намера да влезете

– Вежбање на она што треба да се каже
– Никогаш не одете од врата на врата сами, тропајте ниту претивко ниту прегласно

– Бидете насмеани, позитивни и ведри

– Не почнувајте го разговорот со жалење за ситуацијата или за лошите политики на власта

– Не влегувајте во расправии

– Разговорот просечно треба да трае десет минути

– Ако граѓаните во тој момент се зафатени, извинете им се и прашајте дали може да намине-те за половина час

– Не правете се експерт за политика. Ако не го знаете одговорот на прашањето на граѓани-нот, насочете го каде може да го најде

– Едниот член на тимот разговара со гласачот, другиот запишува

– Разговорот почнува вака: Јас сум… Сакаме да ве слушнеме… Дали може да ви одземеме не-колку минути од вашето време

– Прашајте ги кои проблеми им се најголеми во општината, кои се најважните прашања во државата, дали би н` поддржале ако утре се одржат изборите, дали сакате да станете наш член…

АКО ВЕ ЗАЗБОРУВААТ, ИЗВИНЕТЕ СЕ

Посебен совет е даден за во ситуација кога домаќинот кај кого тимот дошол се зазборувал повеќе од десет минути, а тие се брзаат за да одат на следната врата.

– Еве како учтиво да се извадите од таквата ситуација: Би зборувале уште долго, но денес морам да стигнам кај уште триесетина соседи од вашето маало. Слободно пишете ни имејл или побарајте н`, сите информации се содржани во брошурата што ви ја дадов.