Со години судовите во Крушево и Берово остануваат без претседатели. Состојбата во судството е алармантна, посочува Судскиот совет. Според нив, се случува колапс. Денеска се донесе одлука за нов оглас.
„Судството се соочува со колапс. Нема вработени, нема судии, нема претседатели. Нема судии од каде да се пријават, на крај делегираме судии од едно на друго место – но тоа не е решение. Тоа е колку да фигурира, тој не може да биде посветен“, рече претседателката на Судски совет, Весна Дамева.
Таа рече дека ова прашање се дискутира на состаноци, но не знаат што да прават.
„Се надеваме со новите академци дека ќе избалансираме, но тоа ќе биде мал број“, додаде Дамева.