
Вкупно 906 учесници во сообраќајот биле санкционирани во текот на изминатата недела на територија на Скопје.
Притоа кај 28 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, 76 лицa управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 50 возачи, кај 26 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло.
Покрај ова, кај 77 возачи констатирано е дека управувале возила над дозволената брзина, 55 возачи управувале возило со над 90 км на час во населено место, а изречени се и 50 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 41 прекршок за зборување на мобилен телефон, потоа 25 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 308 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање. За недавање на првенство на минување на пешаци изречени се осум прекршоци, за непрописно престројување изречени се 19 прекршоци, за прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 10 прекршоци, за непрописно престигнување изречени се осум прекршоци и со пајак возило подигнати се вкупно 318 возила.