
Во вторникот во Македоније ќе преовладува сончево и многу топло време со мала локална облачност. Попладне во западните делови ќе има појава на локален пороен дожд проследен со грмежи и со услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен праве
Вредноста на ултравиолетовото зрачење (УВ) ќе изнесува 9.
Утринските температури се во опсегот меѓу 13 и 19, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе се движат од 30 до 39 Целзиусоввите степени.
И во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 39 степени.