Руските војски ги уништиле ракетните лансери „М142 HIMARS“ од американско производство од кои кон крајот на јуни украинската војска изведе смртоносен ракетен напад врз Севастопол, соопшти во понеделникот руското Министерство за одбрана објавувајќи видео чија автентичност не може да се провери.
„Операторите на беспилотните летала на руските вооружени сили открија движење и зафаќање скриени позиции на три лансера HIMARS во шумскиот појас во близина во селото Клапаја во регионот Херсон (во јужна Украина, во делот под контрола на Киев – з.р.). На локацијата на камуфлираните позиции на американските лансери, беше извршен удар од екипажите на тактичкиот ракетен систем Искандер на руските вооружени сили“, објави руското министерство на својот канал на платформата Telegram.
Притоа се тврди дека наводно во ударот биле уништени трите система HIMARS вооружени со ракети ATACMS со долг дострел, а во ударот загинале до десет странски инструктори кои управувале со американските системи.
Системите за повеќекратно ракетно лансирање HIMARS имаа поголем дострел и се попрецизни од артилеријата која ја поседува Украина. Тие системи HIMARS вообичаено користеа проектили со дострел од околу 80 километри и беа дел од 11-от пакет воена помош на САД за Украина во војната против Русија, донесен на јуни 2022 година. Тогаш Белата куќа соопшти дека Киев се обврзал дека таквите вооружувања со долг дострел нема да ги користи за напади врз цели на руска територија, но годинавата испорача проектили ATACMS, oперативно-тактичка балистичка ракета со дострл од најмалку 165 километри развиена од американската компанијата „Lockheed Martin“, кои може да се лансираат од повеќе ракетни системи за лансирање, вклучувајќи го и „M142 HIMARS“ и да достигнат цели длабоко во заднината на руските војски.
Како што беше објавени пред две седмици, украинските вооружени сили на 23-ти јуни напладне со пет американски оперативно-тактички проектили ATACMS со касетни боеви глави извршија ракетен напад врз Севастопол, историското седиште на руската Црноморска флота кое секогаш уживал своевидан екстериторијалност на полуостровот Крим кој во 2014 година се приклучи на Руската Федерација. Руската војска објави дека противвоздушната одбрана пресретнала четири проектили, а експлозијата на фрагментирана боева глава од петтиот проектил во воздух доведе до смрт на четири лица, меѓу кои и две деца. Повредени се 153 лица, меѓу кои 27 малолетници.
<iframe width="640" height="360" src="https://ria.ru/services/video/embed/1958315966-1958318244.html" frameborder="0" allowfullscreen=""></iframe>