Исчезнат американски планинар пронајден мумифициран во мраз по 22 години

Сочуваното тело на американски планинар кој исчезнал пред 22 години додека се искачувал на снежниот врв во Перу е пронајдено по топењето на мразот, соопшти вовторникот локалната полицијата.

Вилијам Стампфл бил пријавен за исчезнат во јуни 2002 година на 59-годишна возраст, кога лавина ја затрупа неговата група алпинисти на планината Хуаскаран, висока повеќе од 6.700 метри. Потргата не дала резултти.

Перуанската полиција соопшти дека неговите останки биле откриени со топење на мразот на планинскиот венец Кордилера Бланка на Андите. Телото на Стампфл, како и неговата облека, појасот и чизмите, биле добро сочувани од студот, како што се гледа на сликите што ги сподели полицијата.

Меѓу работите бил пронајден и неговиот пасош, што ѝ овозможило на полицијата да го идентификува телото.

Планините во североисточниот дел на Перу, каде се наоѓаат врвовите покриени со вечен снег како Хуаскаран и Кашан, се омилени меѓу планинарите од целиот свет. Во мај таму беше пронајдено тело на израелски планинар, речиси еден месец откако исчезна. Минатиот месец искусен италијански планинар беше пронајден мртов откако падна додека се обидуваше да се искачи на друг врв на Андите