Дете со нож го избодело 20-годишниот брат во околината на Копривница

Братска караница завршила со крвава трагедија откако дете со нож го избодело 20-годишниот брат во околината на Копривница во Хрватска. Според неофицијалните информации, станува збор за браќа кои вчера се степале и се завршило во крв.

Според информациите од локалната полиција, инцидентот се случил во вторникот во попладневните часови во околината на Копривница. 20-годишникот кој бил нападнат од својот брат се здобил со тешка повреда.

Од полициското одделение во Копривница не откриваат повеќе детали за стравичниот инцидент бидејќи се работи за малолетник. Случајот се води како тешко убиство во обид, пренесуваат хрватските медиуми.