Мнозинството Германци се за данок на богатство

Мнозинството Германци го поддржуваат повторното воведување на данокот на богатство, покажа истражувањето спроведено од Институтот Forsa за магазинот Stern.

Дури 62 отсто од германските граѓани поддржуваат данок на имот поголем од милион евра, а 34 отсто од нив се против идејата, покажа истражувањето.

Предлогот е особено популарен меѓу гласачите на зелените кои се во владината коалиција, 84 отсто од нив, и ужива голема поддршка кај гласачите на владејачката Социјалдемикратска партија на Германија (SPD), според позитивниот одговор на 79 отсто од испитаниците. Меѓу гласачите на новата левичарска партија, Алијансата на Сахра Вагенкнехт (BSW) освои 58 отсто мнозинство.

Изненадувачки беа резултатите од анкетата меѓу гласачите на конзервативната алијанса на Хрстијанско-демократската унија (CDU) и баварската Христијанско-социјалната унија (CSU), кои исто така во мнозинство го поддржаа данокот, со удел на позитивни одговори од 55 отсто. Нејзините челници ја отфрлаат оваа можност, тврдејќи дека тоа „ќе ја загрози суштината на германската економија и ќе го намали бројот на работни места“.

Поддржувачите на либералните Слободни демократи (FDP), која е во владината коалиција со социјалдемократит и зелените, најмногу се противат на данокот, со 78 отсто негативни одговори. Министерот за финансии Кристијан Линднер, челник на FDP, смета дека тоа ќе ги забави вработеноста, инвестициите и економскиот раст и ќе ги намали даночните приходи.

И поддржувачите на крајно десничарската суверенистичка партија Алтернатива за Германија (AfD) се главно против данокот, со 62 отсто од противниците.

Анкетата опфатила вкупно 1.008 испитаници.

Германија го укина данокот на богатство во 1997 година, по пресудата на Уставниот суд.