На денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски истакна дека во изминатиот период Македонија имаше многу корупциски скандали и сериозен проблем со корупцијата и токму затоа соработката на ДКСК со институциите треба да е не врвно ниво.
„Во изминатите години Македонија има многу сериозен проблем со корупцијата, ја подржувам работата на ДКСК и ќе се вложам да институциите поревносно одговараат на вашите иницијативи бидејќи еднаш засекогаш треба да се реши корупцијата, бидејќи и во извештајот на ДКСК и извештајот на Европската комисија Македонија е држава во која што владее епидемија на корупција. Но ДКСК може да поднесе колку сака иницијативи но доколку не постои поддршка од институциите не само од ЈО, едноставно тоа ќе остане само на страниците на извештаите“ кажа Стојаноски и додаде:
„ДКСК во текот на 2023 поднела 28 иницијативи до надлежните јавни обвинителства, едната е отфрлена а 27 се во тек. Како комисија сте искажале пред јавноста дека „Законите носени за „Бехтел и Енка“ со европско знаменце се политичка корупција. Класичен пример кога вие им укажувавте на владата дека е политичка корупција и кога го побаравте договорот што добивте од владините институции, редактирана верзија, со вакви затворања на врати од институциите, лавиринти, трикови, не може да очекуваме дека ќе се намали корупцијата“ кажа Стојаноски.
Стојаноски истакна дека институциите треба да соработуваат а особено соработката со ДКСК треба да е на врвно ниво.
„Институциите треба да знаат дека треба да биде правило соработувањето со ДКСК и се што ќе биде побарано треба да биде веднаш испратено соработката треба да постои и да биде на врвно ниво на приоритети“ кажа Стојаноски.