Сончево и многу топло, портокалово метео-предупредување

Во четвртокот во Македонија продолжуваа сончевото и многу топло време. Попладне ќе има мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Вреноста на ултравиолетовото зрачење (УВ) ќе има вредност 9.

 Утринската температура е во интервалот од 13 до 23, додека највисоката дневната соодветно ќе се движи од 33 до 41 Целзиусов степен.

И во Скопје и околинатта денеска ќе преовладува сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до 39 степени.