
Од полноќ се намалува малопродажната цена на мазутот, додека цените на бензините остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на мазутот се намалува за 1,009 денари за килограм и тој од полноќ ќе се продава по цена од 47,625 ден/кг.
„Еуросуперот- 95 и понатаму ќе се продава по цена од 84 денари за литар, „еуросупер – 98 по цена од 86 денари за литар, а дизелот по цена од 77 денари за литар.
Непроменета останува и цената на екстра лесно масло кое ќе се продава по 75,5 денари за литар.