Има голем интерес за нови членови, ги охрабрувам да дојдат во канцелариите на ЗНАМ, вели Никола Мемов, портпаролот на Движењето ЗНАМ.
– Сакаме да ја информираме јавноста дека во последниот период има значителен интерес за пристапување на нови членови во ЗНАМ, кои се разочарани од раководството на СДСМ, речиси во сите градови во Македонија. Во оваа пригода ги охрабруваме граѓаните по слободна волја да пристапат во канцелариите на Движењето ЗНАМ – рече Мемов.
Зголемен интерес за членство во ЗНАМ сопартијците на Максим Димитриевски забележале веднаш по изборите на 8 мај, кога јавно рекоа дека вратите се отворени за сите заинтересирани.
ЗНАМ едногласно се избрани Мирослав Лабидовиќ и Радослав Настасијевиќ-Варџиски.
Од СДСМ возвраќаат дека ЗНАМ живее во сопствена илузија дека е голем политички фактор, а всушност има само епизодна и „дрско манипулираа со асномската идеологија за евтиното ветување дека Максим Димитриевски ќе добие уште еден градоначалнички мандат во Куманово“.