Новиот британскио премиер Кир Стармер во четвртокот ги повика сојузниците во НАТО да направат повеќе за да ги зголемат националните издвојувања за одбраната, велејќи дека е неопходно да се заштитат вредностите на Алијансата во „новата и опасна ера“.
Говорејќи на својот прв меѓународен состанок на врвот откако стана британски премиер минатата седмица, Стармер повтори дека неговата влада ќе изготви план за распределба на 2,5 отсто од брито домашниот производ (БДП0 за трошоците за одбраната, со распоред што допрва треба да се постави.
Стармер постојано избегнуваше да одговори на прашањата дали американскиот претседател Џо Бајден е доволно способен да се кандидира за нов мандат, откако по грешка го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски како рускиот претседател Владимир Путин и набрзо се поправи. Наместо тоа, Стармер ја пофали улогата на Бајден во организирањето на, како што рече, успешен самит на НАТО во Вашингтон.
„Ова беше успешен совет, тој го водеше, тој заслужува признание за тоа“, рече Стармер на прес-конференцијата.
Во своите забелешки, Стармер се обиде повеќе да се фокусира на самиот самит, велејќи дека 23 од 32-те членки на Алијансата сега трошат 2 отсто од БДП-то на одбраната, „но во светлината на сериозните закани за нашата безбедност, мораме да одиме натаму“, наведувајќи ја во тој контекст недокажаната со ништо флоскула за „генерациската закана од Русија, поддржана од Северна Кореја и Иран“ и конфликтите кои беснеат низ Блискиот исток и северна Африка, а тука е и предизвикот на Кина и тероризмот.
Анализата објавена во април од претходната британска конзервативна влада покажа дека британската одбранбена потрошувачка која ги исполнува условите на НАТО поставени уште пред десет години, се очекува да биде 2,32 отсто од БДП-то во фискалната 2024/2025 година.