Десетици мртви и ранети во израелски напад врз Кан Јунис

Десетици Палестинци биле убиени или ранети во израелски напад врз шаторска населба во Кан Јунис во саботата во кои се сместени раселените жители на Газа, соопшти канцеларијата за медиуми управувана од Хамас.

Израелската војска соопшти дека го проучува извештајот, а Министерството за здравство на Газа сè уште не објави официјален број на загинати.

„Израелската окупаторска армија изврши голем масакр со бомбардирање на шаторските кампови на раселените луѓе во Кано Јунис. Повеќе од 100 луѓе беа убиени и ранети во ужасниот масакр, вклучително и членови на цивилната служба за итни случаи“, соопшти прес-службата на Хамас.

Радиото на израелската армија објави дека во нападот врз Кан Јунисцел на армијата бил воениот командант на Хамас, Мохамед Диеф. Военото радио објави дека не е јасно дали тој бил убиен во нападот.

Претставник на Хамас рече дека сите жртви се цивили.