![Untitled-1[115]](https://netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/10/Untitled-1115.jpg)
Олимписката салата ги содржи сите состојки што треба да ги прими еден спортист. Може да се консумира пред и по тренинг, но и без тоа, зашто е навистина вкусно јадење.
Потребни состојки:
-500 г мелено или сечкано бело пилешко месо
-250 г интегрални тестенини
-2 поголеми моркови
-1 пашканат
-1 корен целер
-2 главици кромид
-2 чешниња лук
-лавров лист
-лажица црвена пиперка
-едно луто пиперче
-500 грама сок од домати
-100 грама рендан кашкавал
-сол, црн пипер и маслиново масло
Приготвување: Пропржете го белото месо на малку маслиново масло, додека да пушти сокови, потоа посолете го и ставете црн пипер. Во месото додајте ги морковот, пашканатот, целерот и кромидот.
Во смесата додајте го лаворот, изрендајте ги чешнињата лук, сипете го речиси целиот доматен сок (оставете две супени лажици) и ставете ја црвената пиперка. Во двете супени лажици сок од домати додајте го сечканото луто пиперче и пропасирајте и потоа додајте го во смесата. Варете на тивок оган со повремено мешање. Кога ќе се свари зеленчукот и ќе подиспари водата, пресипете во сад за печење и посипете одозгора со кашкавалот. Запечете во рерна на 250 степени, додека да се истопи кашкавалот.