Нетанјаху не е сигурен дека е убиен лидерот на Хамас во Кан Јунис, во нападот 90 мртви и 300 ранети

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во саботата вечерта изјави дека сè уште не е јасно дали воениот командант на палестинското движење Хамас, Мохамед Деиф и уште еден висок командант биле убиени во израелскиот напад во Појасот Газа претходно во саботата, додека палестинските здравствени власти соопштија дека во денешниот напад биле убиени 90 луѓе, а околу 300 се ранети во израелскиот напад.

Нетанјаху, исто така, вети дека докрај ќе ги следи воените цели на Израел.

„Во секој случај, ќе дојдеме до целото водство на Хамас“, рече израелскиот премиер на телевизиската прес-конференција, додавајќи дека изгледите за договор за враќање на израелските заложници ќе се подобрат со зголемен воен притисок врз Хамас.

Кратката прес-конференција беше свикана откако израелската војска соопшти дека го извршила нападот врз основа на прецизни разузнавачки информации, насочени кон Деиф и високиот командант на Хамас, Рафа Салам во градот Кан Јунис.

Палестинските здравствени функционери соопштија дека во нападот врз бегалскиот шаторски кам загинале најмалку 90 Палестинци, а биле ранити уште околу 300 луѓе во назначената хуманитарна зона Ал Маваси, што е најголем број жртви во еден напад во последните неколку седмици.

Здравствените власти во Газа, контролирани од палестинското исламистичко движење Хамас, соопштија дека најмалку 300 луѓе се ранети во нападот, кој ги погодил шаторите за раселените лица. Според медицински извори во Појасот Газа, многумина се тешко ранети и се во животна опасност, па се очекува зголемување на бројката загинати.

Израелската војска соопшти дека во нападот бил погоден воен комплекс, но рече дека не може да го потврди бројот на жртвите.