
Секое коло во рамките на Лигата на шампионите, ЕХФ избира најдобри три ракометарки.
Овојпат и ракометарката на ЖРК Вардар, Андреа Пенезиќ беше избрана помеѓу трите најдобри, што е сосема заслужен избор со оглед на тоа дека беше најдобар поединец кај нашиот ракометен шампион во дуелот со Турингер.
Покрај Пенезиќ, во топ 3 влегоа и Ана Грос од Меџ и голманката на Виборг, Де Соуза.