Војник кој ја чувал главната железничка станица во Париз бил избоден во понеделник во напад со нож, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин.
Нападот се случува на помалку од две седмици пред почетокот на Олимписките игри во француската престолнина.
Војникот, кој бил дел од патролата на антитерористичката единица „Сентинел“ (Sentinelle), се здобил со убодна рана, но не е во критична состојба, изјави Дарманен и додаде дека напаѓачот е уапсен.
Франција во моментов е во состојба на зголемена готовност поради тероризам, а војниците на „Сентинел“ во Париз и другите области се вооружени и патуваат во групи за да спречат потенцијални закани.
Имајќи предвид дека Олимпијадата треба да започне на 26. јули, полицијата и војската значително го зголемија своето присуство во Париз.
Министерот за одбрана Себастиен Лекорну изрази сочувство за војникот на социјалната платформа Х, пишувајќи: „Поддршка и признание на нашите вооружени сили, кои прават повеќе од кога и да е за да ја заштитат безбедноста на францускиот народ“.