Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе денеска на пладне и официјално ќе биде преставен како нов фудбалер на Реал Мадрид. Се очекува стадионот „Сантијаго Бернабеу“ да биде исполнет до последно место, да има 85.000 навивачи со што ќе биде срушен рекордот на Кристијано Роналдо кој имаше фантастично преставување во Мадрид пред 15 години.
Мбапе ќе потпише петгодишен договор со Реал. а вистинско шоу се очекува да има на „Сантијаго Бернабеу“. Францускиот голгетер кој во претходните седум години играше за Пари сен Жермен, ќе го носи дресот со бројот 9 во Кралскиот клуб. Интересно е деак Мбапе во Реал Мадрид дојде како слободен играч и ПСЖ не заработи ниту едно евро од заминувањето на нивниот најдобар фудбалер.
Дебито во дресот на Реал Мадрид, Мбапе официјално се очекува да го има во Суперкупот на УЕФА кога шпанскиот гигант ќе игра против италијанска Аталанта на 14 август. Три дена подоцна ќе започне и новото првенство во Шпанија. Реал во новата сезона ќе го брни тронот во Примера, но и во Лигата на шампиони.