На 15.07.2024 во 06.45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот А1, кај место викано „Милци“, гевгелиско, 19-годишниот Д.Т. од Гевгелија, управувајќи патничко возило „мазда“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од патот, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.