Еден од најбогатите луѓе на планетата, американскиот претриемач Илон Маск најавил дека ќе донира по околу 45 милиони долари месечно на новиот политички комитет кој го поддржува Доналд Трамп, објави во понеделникот весникот The Wall Street Journal (WSJ), цитирајќи неименувани извори.
Почнувајќи од овој месец, Маск планира да донира на политичкиот акционен комитет America PAC, кој го поддржува поранешниот претседател Доналд Трамп во неговиот обид да се врати во Белата куќа, пишуваат американскот весник.
Мултимилијардерот роден во Јужна Африка не беше наведен во списокот на донаторите во понеделникот, а на кој се гледа дка комитетот досега собрал повеќе од осум милиони долари.
Меѓу донаторите се компаниите на „Lonsdale Enterprises“ и близнаците Винклевос. „Lonsdale“ донирале милион долари, а Камерон и Тајлер Винклевос по 250.000 долари.
Мултимилиардерот Мас, кој е основач и челник на гигантите „Tesla“ и „SpaceX“, не одговорил на барањето на Reuters за коментар. На платформата X, во којашто исто така има доминатна сопственот, тој одговори на текстот на WSJ со фразата „„fake gnus”, алудирајќи така на изразот „fake news“, односно лажни весто.
Во саботата, неколку часа по обидот за атентат, Маск јавно недвосмислено застана зад Трамп, првпат во претседателската трка. Овој потег ја зацврсти неговата промена кон десничарската политика и му дава на Трамп моќен сојузник пред изборите во ноември.