Затворен за сообраќај е регионалниот пат Неготино-Штип кај Пепелиште

Авто мото сојузот на Македонија попладнево информира дека поради пожарите затворен за сообраќај е регионалниот пат Неготино-Штип кај селото Пепелиште.

Сообраќајот е во прекин за сите видови возила во двата правци.

Во овој регион веќе неколку дена има активни пожари на неколку локации.