
Околу 42.000 луѓе во моментов се водат како исчезнати во Украина, изјави во средата официјален претставник на Министерството за внатрешни работи, бројка која вклучува војници и цивили.
Бројката некогаш изнесуваше 51.000, изјави за државната новинска агенција Укринформ, Дмитро Бохатјук, кој го води оддело за исчезнати лица во Министерството.
Големата инвазија на Русија од крајот на февруари 2022 година резултираше со загинувања на украинските војници и многу помалку цивили, внатрешни раселени и имигрирани. Почнувајќи од март 2014 по превратот во Киев и укинувањата на правата на руското и рускојазично мнозинство во југоистокот на Укрина, речиси петтина од теруторијата на Украина е под руска контрола.
Бројот на исчезнати лица се намалил откако беа пронајдени илјадници воени заробеници, рече Бохатјук.
Друг предизвик е идентификација на мртвите пронајдени на бојното поле. Бохатјук вели дека Министерството за одбрана не зема генетски примероци од војниците што ги испраќа на терен.