На престижната математичка олимпијада „Коперникус”, која се одржува на Универзитетот Колумбија во Њујорк, оваа година со златен медал се закити и талентираниот Дарјан Мирчевски, ученик од Основното училиште „Јаха Кемал” во Карпош, Скопје.
13 годишниот Дарјан беше единствениот учесник од Македонија на оваа математичка олимпијада, во конкуренција од 60 финалисти кои доаѓаа од 34 различни држави ширум светот.
Во категоријата за шесто и седмооделенци, соред критериумите на Универзитетот „Колумбија”, покрај Дарјан Мирчевски, златен медал освоија и неговите врсници математичари од Јапонија, Казахстан, Британија и Монголија. Честитки и уште многу успеси!