Струмичките пожарникарите ќе добијат бонус од 10.000 денари за борбата со огнената стихија

Градоначалникот Костадинов вчера морал да прими инфузија откако претходно во текот на денот вдишал чад додека помагал во гасењето на пожарот кој избувна во струмичко.

Струмичките пожарникари ќе добијат бонус од 10 000 денари поради посветената и деноноќна борба со огнените стихии, соопшти градоначалникот на општината Костадин Костадинов.

„Бонус по 10.000 денари за секој струмички пожарникар! Најмалку што можам да направам за моите пожарникари кои деноноќно, посветено со последните сили се бориме против огнените стихии. Во името на цела Струмица, ви благодарам! Господ да ве благослови и да ни ја чува нашата Струмица“, напиша на Фејсбук  Костадинов.

Тој, како што објавија подоцна пожарникарите на својата Фејсбук страница  вчера морал да прими инфузија откако претходно во текот на денот вдишал чад додека помагал во гасењето на пожарот кој избувна во струмичко.

„Градоначалникот Костадинов беше рамо до рамо со нас пожарникарите и несебично помагаше во гаснењето, организираше механизација, овошје, вода, електролити за сите нас. Во еден момент кога пожарот ескалираше, вдишувајќи многу чад, мораше да прими инфузија“, се наведува во објавата.

Со денови се гасне пожарот на планината Огражден.