Македонка загина во тешка сообраќајка кај Лесковац, повредени се четири лица

Во тешка сообраќајна несреќа на автопатот над Предејане, на влезот во Грделичката клисура кај Лесковац (Србија) едно лице загина, а четворица се повредени.

Несреќата се случила, кога возачот изгубил контрола над возилото и удрил во заштитната шина, која потоа влегла низ возилото. Во несреќата загинала сопругата на возачот која се наоѓала на совозачкото седиште, а покрај него се повредени и нивните две деца на возраст од 2 и 4 години, и една постара жена.

Семејството се враќале дома од одморот во Словенија

Една екипа на Итна помош од Здравствениот дом Лесковац и друга од Лесковачката болница во рекордно време пристигнале на местото и им укажале помош на повредените. Таму била и екипа на Итна помош од Здравствениот дом од Грделица, а едно од децата со полициски автомобил е пренесено во болница, пишуваат српските медиуми.