
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска, во салата за состаноци, ja прими делегација од градот Нанчанг од Народна Република Кина. Делeгацијата беше составена од: Ган Јуонг, Соработник на консултант во Канцеларијата за меѓународна соработка на градот Нанчанг; Леи Лионг, Раководител на одделение во Канцеларијата за информирање на градот Нанчанг; Каи Џие, Раководител на одделение во Канцеларијата за информирање на градот Нанчанг; Лиу Фу, Управувачки директор на Одделение за култура во рамките на Радиото и телевизијата на Нанчанг; Лиу Лианг, Одделение за култура во рамките на Радиото и телевизијата на Нанчанг и Ли Џијан од Канцеларијата за меѓународна соработка на градот Нанчанг.
На средбата гостите го искажаа своето задоволство што Град Скопје е првиот збратимен град со Нанчанг, како и од досегашната соработка која трае веќе 30 години. Членовите на делегацијата од Нанчанг истакнаа дека примарна цел на нивниот град е соработката со Град Скопје да се продлаби и сакаат да снимат филм во кој ќе ја документираат досегашната соработка на економски, научен и образовен план, за да можат да им го прикажат на своите сограѓани.