Пронајдено машко лице со повреди и во бесознание во центарот на Скопје

На 19.07.2024 во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Центар во Скопје било пронајдено машко лице со повреди и во бессознание.

-Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што лекар констатирал тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.