30 дена притвор за екс-заштитениот сведок во „Ореше“

Триесет дена притвор заработи поранешниот заштитен сведок Златко Арсовски, одобри велешкиот суд на барање на Обвинителството.

Арсовски неколку пати не се појавува на процесот каде е обвинет за давање лажен исказ пред судот во Велес во случајот за платеното убиство кое исто така се водеше во овој суд, познат како случајот „Ореше“.