Сотир Лукровски, претседателот на македонското патриотско здружение В’мбел Егеј, од вчера, па во наредните три години веќе нема да може да влезе во Грција, да го посети селото на неговите родители. „Регистрован је као непожељни“, му пишува на лош српски јазик во документот со лого на ЕУ, што го добил Лукровски од грчката полиција на граничниот премин Меџитлија.
После 15 години активизам за Егејското прашање вчера на моја огромна жал моето патување за Овчарани заврши на границата помеѓу Вардарска и Егејска Македонија .Без никакво образложение добив документ дека во наредните три години сум непожелен на територијта на Република Грција, колевката на демократијата.Се повторува репресијата врз моето семејсто и по цели 76 години од убиствата и прогонот на моите дедовци, татко и чичковци, во модерна Европа во 21-от век.Чемер и жал во душата што најверојатно никогаш повеќе нема да го видам мојот В’мбел како и моите баба и дедо кои починаа без уште еднаш да си го видат родното огниште.
Горд сум и среќен што на времено им го покажав патот на стотици потомци од В’мбел до нивните корени меѓу кои и на моите деца. Тие ќе продолжат да се враќаат онаму каде што тежиме, тие ќе го одржуваат огнот на нашите гробови и црква. Вистинта за Егејот и В’мбел ќе живее се дур нѐ има до последниот Љукра. Егејот е душата на Македонија“, напиша Лукревски на својот фејсбук-профил.