Патувањето на Мицкоски и на министрите во Вашингтон чинело околу 20 илјади евра, тврди СДСМ

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, на прес-конференција обвини дека премиерот Христијан Мицкоси и министрите во негова придружба, на патувањето во Вашинготн потрошиле речиси 20 илјади евра.

-Денеска ја откриваме точната сума на нарачаните карти за него, а за да биде скандалот уште поголем, дознаваме и дека сите негови министри патувале со бизнис класа – изјави Кузеска.

Таа додаде дека, според нивни информации, за Мицкоски била извршена нарачка на бизнис карта, цена на повратен билет 237.072 денари или 4.000 евра.

-Да биде скандалот поголем, тоа не е најсакапта карта која е платена за ова патување. Па така, картата на министерот за одбана Владо Мисајловски е платена дури 280.000 денари, а останатите две карти, на Панче Тошковски и Тимчо Муцунски, се платени околу 4.500 евра секоја – рече Кузеска.

Така, според неа, речиси 20.000 евра ги чини граѓаните, како што рече, „само удобното патување на Мицкоски и министрите за Вашингтон“.

-Колку пари се потрошени по хотели и други трошоци на државна сметка – праша таа.