Помлад жител на гостиварското село Дебреше, Р.К.(35), пoладнево бил застрелан од огнено оружје и починал од здобиените повреди. Од СВР Тетово потврдија дека кај нив има таква пријава и полициски службеници се на терен и според првичните сознанија, станува збор за убиство.
Како осомничени дека се извршители на делото се браќата Ј.В.и Б.В.од истото село, кои биле со патничко возило „волво” со швајцарски регистерски ознаки.
Едниот од нив, Б.В. е приведен и од истиот е одземена автоматската пушка со која го извршил делото. Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот.