Интензивирање на соработката со ЕУ во доменот на безбедноста и одбраната беше фокус на денешната средба на министерот Владо Мисајловски со амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. Дејвид Гир и нерезидентното одбранбено аташе, полковникот Пиетро Мостарди во Министерството за одбрана.
Амбасадорот Гир го честиташе изборот на министерот Мисајловски и му посака успех во работата со очекување за продолжување на добрата соработка.
Исто така амбасадорот Гир се заблагодари што нашата земја е меѓу топ пет држави по глава на жител во светот во однос на донациите кон Украина.
На средбата се потенцираше за интензивирање на соработката со ЕУ во доменот на безбедноста и одбраната и за можноста за продлабочување на соработката со ЕУ во делот на реформи во системот за управување со кризи.
Министерот Мисајловски изрази благодарност за брзата реакција на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ со што се помогна во делот на пожарите кои ја зафатија нашата земја.
Исто така министерот го информираше амбасадорот за потпишувањето на Писмото на намери за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност кој се потпиша на НАТО Самитот во Вашингтон.