Денеска во Министерството, новата заменик министерка за одбрана Елфет Исмаили ја презема функцијата од досегашниот заменик министер, Тирон Јајага.
Нејзиниот претходник Јајага на денешното примопредавање на новопоставената заменик министерка Исмаили и посака успех во работата.
На денешното стапување на функција, заменик министерката Исмаили се сретна и со министерот Владо Мисајловски.
Министерот Мисајловски и честита за изборот и посака да имаат успешна и плодна заедничка соработка.
Заменик министерката Исмаили се заблагодари за честитките и потенцира дека сето свое знаење и искуство ќе ги вложи во насока на унапредување и развој на одбранбените капацитети.