Нетанјаху вели дека САД и Израел се на “крстопатот на историјата“ и повика на формирање воен блок на Блискиот исток

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одржа жесток говор во средата пред претставниците на двата дома на американскиот Конгрес во кој рече дека САД и Израел се на „крстопатот на историјата“ и дека во ова време на глобални „пресврт“ си се потребни повеќе од кога и да е претходно, јавуваат светските агенции.

Нетанјаху доби стоечки овации кога излезе на говорницата за да се обрати на заедничката седница на Конгресот, а пратениците повеќепати стануваа да му аплаудираат во текот на речиси едночасовниот говор.

„За да триумфираат силите на цивилизацијата, Америка и Израел мора да стојат заедно“, рече Нетанјаху додека пратениците му аплаудираа.

Сепак, не беа сите одушевени. Демократката од Мичиген, Рашида Тлаиб, истакна плакат на кој пишуваше „виновен за геноцид“ на едната страна и „воен злосторник“ на другата страна. Тлаиб, првата палестинско-американска членка на Конгресот, исто така носеше традиционална палестинска марама околу вратот.

Десетици демократски пратеници го бојкотираа говорот на израелскиот премиер во американскиот Конгресот, изразувајќи вознемиреност од илјадниците цивилни жртви и хуманитарната криза предизвикана од десетмесечните воени операции на Израел во Појасот Газа.

Нетанјаху рече дека Израел секогаш ќе остане „незаменлив сојузник на Америка“ и „лојален пријател“ и им се заблагодари на САД за поддршката. „Заедно ќе обезбедиме брилијантна иднина за двете наши нации“, рече тој.

Го испофали Доналд Трамп и рече дека му „олеснило кога излезе жив и здрав од подлиот“ атентат врз него. Натанјаху додаде дека „нема место за политичко насилство“ во демократските држави.

Му се заблагодари на Трамп за чекорите што ги презеде за поддршка на Израел за време на неговото претседателствување, вклучително и преместување на американската амбасада во Ерусалим и признавање на суверенитетот на Израел над Голанската висорамнина. Статусот на Ерусалим и Голанската висорамнина се оспорени според меѓународното право и се водат како окупирана палестинска и сириска територија во војната од 1967 година.

Администрацијата на Трамп го призна Ерусалим за главен израелски град на крајот на 2017 година и ја пресели таму својата амбасада следната година во мај. Меѓутоа, всушност Трамп отстапи од децениската практика на неговите претходници и ја ефектуираше уредбата на Конгресот од 1995 година, и го призна Ерусалим како главен град на Израел, но истовремено го потпиша и документот за почеток на подготовките за преселувањето на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.

Нетанјагу натаму во своето обраќање во Конгресот тврдеше дека „забрзаната“ американска воена помош на Израел може „драматично да го забрза“ крајот на војната во Газа и да помогне да се спречи поширока војна на Блискиот Исток. Го цитираше апелот на британскиот премиер Винстон Черчил до Американците за време на Втората светска војна: „Дајте ни ги алатките и ќе ја завршиме работата“.

„Денот откако ќе го победиме Хамас, ќе се појави нова Газа“, рече Нетанјаху. Повика на „демилитаризиран и дерадикализиран“ Појас Газа за кој вели дека треба да биде управуван од „цивилна администрација“.

„Но, во догледна иднина мораме да одржиме важна безбедносна контрола… за да се осигураме дека Газа никогаш повеќе нема да биде закана за Израел“, рече Нетанјаху

Уверуваше дека Израел „нема намера“ да ја „пресели Газа“. Додаде дека идната администрација на Газа не треба да се стреми да го уништи Израел. „Тоа не е премногу да се бара“, рече Натанјаху.

Нетанјаху им рече на американските претставници дека „победата е на повидок“ и дека „поразот на Хамас ќе биде силен удар за иранската оска на теророт“, во која, продолжи тој, го вклучува и Хезболах, шиитското либанско движење и портија која дејствува во јужен Либан и го напаѓа Израел, речиси секојдневно во последните девет месеци, и кое изминатата деценија ѝ нанесе порази на израелската војска.

„Израел ќе направи сѐ што е потребно за да го врати редот на нашата северна граница и да го врати нашиот народ безбедно во нашите домови“, рече Нетанјаху.

Исто така, рече дека САД и Израел би можеле да создадат безбедносен сојуз на Блискиот исток за да се спротивстават на иранската „закана“ и дека сите земји кои сакаат мир со Израел треба да се приклучат на таков сојуз.

Посочи дека во тек се интензивни напори за ослободување на заложниците и обраќајќи им се на семејствата на заложниците, кои присуствуваа и на заедничката седница на Конгресот, вети дека „тоа нема да престане додека сите нивни најблиски не се дома“.

Израелскиот премиер, исто така, му се заблагодари на претседателот Џо Бајден за неговите „неуморни напори во име на заложниците“.

Тоа беше рекорден четврти говор на еден странски лидер на заедничка седница на Сенатот и Претставничкиот дом, надминувајќи го британскиот воен премиер Винстон Черчил кој одржа три говора.

Илјадници демонстранти излегоа на околните улици во услови на најстроги безбедносни мерки по упадот од 6 јануари 2021 година. Од Конгресот беше изведена и група еврејски активисти, кои се противеа на говорот на израелскиот премиер и бараа мирно решение на израелско-палестинскиот конфликт. Зградата на Капитол беше опкружена со висока ограда, со силно полициско присуство. Непосредно пред Нетанјаху да почне да зборува, полицијата извести дека некои од повеќето протести – на еврејски активисти кои се противат на војната и оние кои бараат ослободување на израелските заложници кои ги држи Хамас и ки истовремено бараат оставка од Нетанјаху, како и пропалестински демонстранти – станале насилни и дека морале да употребат солзавец. Стану в аше