
Во четвртокот во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, претпладне со услови за повремен локален дожд и грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе биде 7.
Утринските температури се движат во интервалот меѓу 12 и 21, додека во текот на денот соодветно ќе бидат од 25 до 34 Целзиусови степени.
И во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 34 степени.