Зошто е потребно спојување на ТТВ-Велес со ФБТН-Битола при УКЛО-Битола?

По добивањето реакции на мојот мејл од вработени наставници на Технолошко-техничкиот факултет-Велес (ТТФ), при Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола (УКЛО) за незаконски избори во наставно-научни звања, согласно Законот за високо образование (ЗВО), односно кандидатите  за избор во звање и засновање на работен однос, незаконито се избираат во повеќе области, спротивно на член 172 став 4 од ЗВО, каде што цитирам: „Конкурсот за избор во звање и засновање на работен однос треба да ја содржи соодветната наставно-научна област, за која се избира лицето, утврдена со класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области  (Меѓународната фраскатиева класификација), видот на работниот однос, рокот на траењето и општите и посебните услови за избор, документацијата која е од важност за изборот и други услови утврдени со закон или општ акт на универзитетот и единицата на универзитетот, односно општ акт на самостојната висока стручна стручна школа“, како и спротивно на постапката за избор на членовите на рецензионата комисија, спротивно на член 173 став 6 од ЗВО, каде што цитирам:„ Повеќето од половината членови на рецензионата комисија ја сочинуваат лица избрани во наставно-научни, наставно-стручни, научни и наставни звања од истата наставно-научна, односно уметничка област во која се избира кандидатот, а другите членови може да бидат од сродна наставно-научна, односно уметничка област“. Согледаните реакции  од добиени Реферати со извештаи од наставно-научни избори  за лицата како што се Везирка Јанкулоска, Тања Калевска, како и за друг наставен кадар во наставно-научни звања, кои се вработени на ТТФ-Велес, при УКЛО-Битола, се спротивни на ЗВО.

Па, со право предлагаат Технолошко-техничкиот факултет-Велес(ТТФ) да се спои со Факултетот за биотехнички науки -Битола (ФБТН), во рамките на УКЛО-Битола,согласно ЗВО. Ова од причина што  ТТФ-Велес, нема соодветен наставно-научен кадар по соодветни области, па се именуваат во две-три области кои не се стручни и компетентни на дадените области. Како што наведуваат во реакцијата реагирано е и до АКВО и нивните одбори за акредитација и одборот за евалуација, но од таму нема ниту слух и разбирање, како и до поранешниот  министер за образование и наука Јетон Шаќири, a по доставената претставка од моја страна до Државниот просветен инспекторат, инспекторите Зоран Димитриевиќ и  Соња Зашовска од извршен вонреден инспекциски надзор не констатираат законски пропусти. За нив изборите по објавен Конкурс и Билтените од рецензионите комисии се во ред. НОНСЕНС. Потребно е и останува сега да се изврши ревизија целосно од новата министерка Весна Јаневска, како и од активностите на новиот в.д. директор на Државниот просветен инспекторат, Шабан Алајбегу.

За  постапките на овие инспектори треба да се бара одговорност, кои постапуваат спротивно на ЗВО, ЗИН и ЗПИ. За другите просветни инспектори во некоја од наредните мои пишувања. Тоа ќе следи во борбата на образовниот криминал на некои државни просветни инспектори.

Од моја страна, се доставени дописи со запознавање и преземање соодветни законски мерки и можности согласно  Законот за високо образование, до  Ректорот на УКЛО-Битола, Игор Неделковски, како и до претседателот на Сенатот на универзитетот, Николче Јанкуловски, кои се наведени во претставката, а, со цел да се констатираат незаконскиот избор  на Технолошко-техничкиот факултет-Велес, при УКЛО-Битола, на следните кандидати.

Еве ги фактите

За кандидатката д-р Везирка Јанкулоска, доцент (избран кандидат за декан)

Врз основа на конкурсот на УКЛО-Битола, Технолошко-техничкиот факултет Велес, објавен во весниците „Слободен печат“ и „Коха“ од 04.02.2023 година, за избор на наставник во сите  наставно-научни звања во наставно-научните области-41400 Прехрамбено инжинерство, 41401 Нитриционизам, 41403 Друго (НЕЗАКОНСКИ по член 172 став 4 од ЗВО) и врз основа на Наставно-научниот совет (ННС): бр.02-82/3 од 28.02.2023 година, формирана е рецензиона комисија во состав: професори: Даниела Николовска Неделковска-претседател, Викторија Стаматовска-член и Горица Павловска-член, сите вработени на Технолошко-техничкиот факултет-Велес(ТТФ), при УКЛО-Битола. Рецензионата комисија, во Рефератот, истакнуваат дека по разгледување на пристигнатите материјали, а врз основа на член 173 став 8 од ЗВО, каде што  „за сите пријавени кандидати рецензионата комисија поднесува реферат…Рефератот содржи оценка за остварувањата на кандидатите до сите членови во согласност со  општите и посебните услови за избор во соодветно звање, како и предлог за избор на кандидатотво соодветно звање“ и на член 31 и член 32 од Правилникот за посебни услови и постапката за избор во наставно-научни, наставно-стручни, научни, наставни и соработнички звања на УКЛО-Битола, Рецензионата комисија го поднесува следниот  ИЗВЕШТАЈ, каде што се наведува дека единствен кандидат по објавениот конкурс е кандидатката д-р Везирка Јанкулоска, доцент на Технолошко-технички факултет-Велес(ТТФ) при УКЛО-Битола.

Што констатира рецензионата комисија во биографските податоци и образование

Рецензионата комисија констатира: …„ Везирка Јанкулоска средно образование завршила во УМЦ „Никола Штејн“ во Тетово. Со високо образование се стекнала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Природно-математички факултет, Институт по Хемија во Скопје и на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, Технолошко-технички факултет-Велес дипломирала во академската 2017/2018 година, со просечен успех 9,26 и се стекнала со назив дипломиран инженер технолог-насока нутриционизам. (Доказ: Билтен на УКЛО-Битола,бр.506 од 02.05.2023г.)

А, СЕГА ГЛЕДАЈТЕ ГО ПАРАДОКСОТ, ШТО НЕ ГО „ВИДЕЛЕ“ ПРОСВЕТНИТЕ ИНСПЕКТОРИ

Според Билтенот на УКЛО,бр.506 од 02.05.2023 година, Рефератот за избор на наставник во сите наставно-научни звања во наставно-научната област: 41400 Прехрамбено инжинерство, 41401Нутриционизам, 41403 Друго. Во академската 2009/2010 година,  се запишува на втор циклус (магистерски) студии на Технолошко-металуршки факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Студиите ги завршила во академската 2011/2012 година, со просечен успех 10,00….Докторска дисертација пријавила во академската 2013/2014 година на Универзитетот „Гоце Делчев“, Земјоделски факултет во Штип….и докторската ја одбранила на 16.07.2018 година…. Дали треба да се испита цела постапка на додипломски студии???

Според редоследот   во рефератот

  • Дипломирала во академската 2017/2018 година
  • Магистрирала во академската 2011/2012 година
  • Докторирала 2018 година, на Универзитетот„Гоце Делчев“-Штип. Дизертација на тема: „Определување на резидуи од пестициди во јаболка од ресенскиот регион“.

Како може рецензентската комисија да поднесе ваков извештај. Како е можно да дипломирала 2018, а магистрирала 2012? И во иста година и дипломирала и докторирала? Зошто на ваквите пропусти при  издавањето на Универзитетскиот Билтен не реагирал издавачкиот одбор на УКЛО? Дали за ова не знаеле? Зошто издавачкиот одбор не реагирал, а требало да реагира? Дали ова не го „виделе“ инспекторите Зоран Димитриевиќ и Соња Зашовска? Каде гледале? За вакви инспектори одговорност мора да има!

Одговор треба да дадат: рецензионата комисија, ректорот и ректорската управа, како и сенатот на универзитетот!. А за инспекторите, одговор треба да дадат министерката Весна Јаневска и новиот вд директор на државниот просветен инспекторат!

Се поставува прашањето?

Зошто рецензионата комисија не постапува веродостојно по член 173 став 8 од ЗВО (Сл.весник на РМ бр.82/2018), во делот на додипломските студии за кандидатот Везирка Јанкуловска, кога се запишала, кога завршила, има нелогичности и многу сомнеж од работата на рецензентската комисија, воедно и не се почитува  став 9 од истиот член, каде што Високообразовната установа го објавува рефератот на рецензентската комисија од ставот(8) на овој член во соодветниот билтен на универзитетот…. Со ваквите пропусти и несериозност на рецензентската комисија, под силен сомнеж е став 10 од истиот член за правилното вреднување на вкупните научни, стручни, педагошки и други остварувања… кои се важни за  изборот на Везирка Јанкулоска.

И покрај сите законски пропусти, Рецензионата комисија на ТТФ-Велес, му предлага на Наставно-научниот совет на ТТФ-Велес, Везирка Јанкулоска да биде избрана во звањето вонреден професор во научните области 41400 Прехрамбено инжинерство, 41 401 Нутриционизам, 41403 Друго. (НЕЗАКОНСКИ по член 172 став 4 од ЗВО).

Иако побарав од ректор, заедно со сенатот на Универзитетот да постапат согласно Законот за високо образование и писмено бидам известен во благовремен рок. До сега нема никаков одговор.

За кандидатката д-р Татјана Калевска, вонреден професор (декан на ТТФ-Велес)

Врз основа на конкурсот на УКЛО-Битола, Технолошко-техничкиот факултет Велес, објавен во весниците „Нова Македонија“ и „Коха“ од 25.08.2023 година, за избор на наставник во сите  наставно-научни звања во наставно-научните области: Технологија на месо и месни производи , Технологија на млеко и млечни производи и Квалитет, технологија и безбедност на храна од животинско потекло (НЕЗАКОНСКИ по член 172 став 4 од ЗВО), и врз основа на ННС: бр.02-319/2 од 06.09.2023 година, формирана е рецензентска комисија во состав: професори Димче Китановски,ред.професор во пензија на Факултетот за биотехнички науки- УКЛО-Битола, претседател, кор.проф.дтн инж. Стефан Г Драгоев, редовен професор на Технолошки факултет, „Универзитет за прехрамбени технологии“ Пловдив, Р.Бугарија-член и проф.д-р Елена Јошевска, ред.проф. на Факултетот за биотехнички науки, Универзитет „Св.Климент Охридски“-Битола, член. (Доказ: Билтен на УКЛО, бр.510 од 02.10.2023 година)

Треба да се напомене  следното

Согласно член 172  став 4 од ЗВО, а не е запазен конкурсот за избор на Тања Калевска, каде што стои-цитирам: „Конкурсот за избор во звање и засновање на работен однос треба да ја содржи соодветната наставно-научна област, за која се избира лицето (во конкретниот случај Татјана Колевска), утврдена со Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области (Меѓународната фраскатиева класификација), видот на работниот однос, рокот на траењето и општите и посебните услови за избор.

Конкурсот за избор на Татјана Калевска не е распишан согласно Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области (Меѓународната фраскатиева класификација) која била на сила на денот на објавувањето на  конкурсот.

Имено, Татјана Калевска се бирала во областите:

  • Технологија на месо и месни преработки-таквата област во Класификацијатана научно-истражувачките подрачја, полиња и области (Меѓународната фраскатиева класификација) НЕ ПОСТОИ.
  • Технологија на млеко и млечни производи- таква област во Класификацијатана научно-истражувачките подрачја, полиња и области (Меѓународната фраскатиева класификација) НЕ ПОСТОИ.
  • Квалитет, технологија и безбедност на храна од животинско потекло- таквата област Класификацијатана научно-истражувачките подрачја, полиња и области (Меѓународната фраскатиева класификација) НЕ ПОСТОИ.

Доколку се сметало, дека овие области можат да се класифицираат под Друго, не е наведено од кое подрачје се класифицирани под Друго, ниту шифрите на областите според Класификацијатана научно-истражувачките подрачја, полиња и области (Меѓународната фраскатиева класификација).

 Рецензионата комисија, во Рефератот, истакнуваат дека по разгледување на пристигнатите материјали, а врз основа на член 173 став 8 од ЗВО и на член 31 и член 32 од Правилникот за посебни услови и постапката за избор во наставно-научни, наставно-стручни, научни, наставни и соработнички звања на УКЛО-Битола.

Единствен кандидат е д-р Татјана Калевска.

 Рецензионата комисија го поднесува следниот заклучок и предлог на ННС на Технолошкиот -технички факултет Велес, д-р Татјана Калевска да биде избрана во звање редовен професор во научните области Технологија на месо и млечни производи, Технологија на млеко и млечни производи и Квалитет, технологија и безбедност на храна од животинско потекло.

ННС на Технолошкиот – технички факултет -Велес, со Одлука бр.02-367/2од 18.10.2023г. го усвојува рефератот на рецензионата комисија, објавен во Билтен бр.510 на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола, за избор на наставник од наставните-научни области  Технологија на месо и млечни производи, Технологија на млеко и млечни производи и Квалитет, технологија и безбедност на храна од животинско потекло. И Одлуката се доставува за потврда на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола.

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола, носи Одлука бр.14-1192/7-1 од 31.10.2023г., со што се потврдува Одлуката на ННС на Технолошкиот-технички факултет-Велес, за избор на д-р Татјана Калевска да биде избрана во звање редовен професор во научните области: Технологија на месо и млечни производи, Технологија на млеко и млечни производи и квалитет, и  Технологија и безбедност на храна од животинско потекло. 

Законски пропусти на Наставно-научниот совет на Технолошкиот-технички факултет-Велес

Со донесената Одлука на  Наставно-научниот совет на  бр.02-319/2 од 06.09.2023 г. на Технолошкиот-технички факултет-Велес, за формирање Рецензентска комисија, не го почитува член 173 став 6 од ЗВО (Сл.весник на РМ бр.82/2018), каде што :„  Повеќе од половината  членови на рецензентската комисија ја сочинуваат лица избрани во наставно-научни, наставно-стручни, научни и наставни звања, која се избира кандидатот, а другите членови  може да бидат од сродна наставно-научна област.

Во конкретниот случај кандидатот д-р Татјана Калевска се избира во три области: Технологија на месо и млечни производи, Технологија на млеко и млечни производи и Квалитет, технологија и безбедност на храна од животинско потекло, а нема рецензент  од областа Технологија на млеко и млечни производи. Што е спротивно на член 173 став 6 од ЗВО (Сл.весник на РМ бр.82/2018).

Исто така, нема никаква Одлука од рецензентот кор.проф.дтн инж. Стефан Г Драгоев, редовен професор на Технолошки факултет,„Универзитет за прехрамбени технологии“ Пловдив, Р.Бугарија- во кој припаѓа  во областа  Технологија на месо и рибата.

Во конкретниот случај не е исполнет условот од член 173 став 6 од ЗВО, каде што повеќе од половината – односно два од рецензентите да се бирани од исти области во кои се бира кандидатката. Затоа треба да се поништи изборот на Татјана Калевска во редовен професор.

За редовниот професор д-р Сашко Мартиновски

Според билтенот на УКЛО,бр.506 од 02.05.2023 година, Реферат за избор на наставник во сите наставно-научни звања во наставно-научна област: Маркетинг (50325), Економика на индустрија (50311) и Друго (50329). Не исполнува услов од ОПШТИТЕ критериуми обврзан со ЗВО. Значи е законска обврска. Тој има објавено книга, а НЕ учебник, монографија, практикум или збирка задачи од научната област за која се избира. Книгата, GIS Modelling for Strategic Planning of the Urban Environment или во превод ГИС моделирање за стратешко планирање на урбаната средина. Ова не е дел од некој предмет на ТТФ-Велес, ниту предава таков предмет за да може да биде учебник, монографија, практикум или збирка задачи од научната област за која се избира поточно Маркетинг (50325), Економика на индустрија (50311) и Друго (50329) (Доказ: Билтен на УКЛО,бр.506 од 02.05.2023г)

За доцент д-р Невена Груевска

Според билтен на УКЛО, бр.511 од 01.11.2023 година,, рефератот за избор на наставник во сите наставно-научни звања во наставно-научни области: 41000 Прехрамбено инжинерство, 40401 Нутриционизам и 41403 Друго. Не исполнува услов од општите критериуми обврзан  со ЗВО- објавен рецензиониран учебник, монографија, практикум или збирка задачи од научната област за која се избира. Што е законска обврска, а таа нема објавено никакво учебно помагало или учебник нити книга!.

Невена Груевска е примена со вкупно само 10 поени од општи и дополнителни услови!. Само општите критериуми носат 10, а да не се зборува плус дополнителните, нејзиното ниво е под секој стандард на научник!!!(Доказ билтен на УКЛО,бр.511 од 01.11.2023г)

Зошто е неминовна потребата во спојување на Технолошко-технички факултет Велес со Факултетот за биотехнички науки (ФБТН)-Битола

Што говорат фактите

Согласно законските надлежности на Универзитетот „Св.Климент Охридски-Битола (УКЛО), ректорот и ректорската управа на Универзитетот, како и Сенатот на Универзитетот, на Технолошко-технички факултет Велес како единица на Универзитетот, во законската процедура не се запазени изборите во наставно-научни звања по соодветните области на кандидатите Везирка Јанкуловска, Татјана Калевска, Сашко Мартиновски и Невена Груевска, спротивно на Законот за високо образование, и спротивно на членовите од ЗВО.

Од овие причини неминовна е потребата во спојување на Технолошко-технички факултет Велес (кој има 11 вработени, наставно-научен кадар, од нив за четири кандидати веќе се наведени незаконскиот избор во наставно-научни звања во наведениот прилог), со Факултетот за биотехнички науки (ФБТН)-Битола, при истиот Универзитет (УКЛО).  Ова од причина што наставните програми се слични. Над осумдесет 80% (отсто) имаат исти содржини на предмети и истите се поклопуваат. Поголем дел ментори и членови на рецензиони комисии се од Факултетот за биотехнички науки (ФБТН)-Битола.

Поаѓајќи од наведените причини, одговорните на УКЛО-Битола, како и Сенатот на истиот универзитет, согласно нивните  законските надлежности , поконкретно да се  позанимаваат  и да ги спроведат Статусните промени на единици на универзитетот за спојување на Технолошко-технички факултет Велес со Факултетот за биотехнички науки (ФБТН)-Битола, согласно член 76 од  Законот за високо образование, а сето ова за доброто на Универзитетот(УКЛО) како и  во духот на законитоста и угледот на Универзитетот.

Битолскиот универзитет, тоа и го заслужува, вториот (после УКИМ-Скопје) најстар универзитет во Република Македонија.

 Оваа година, универзитетот прославува  јубилејни 45 години од постоењето!

Време е за законски промени. Во интерес на УКЛО-Битола!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес